Ömer Olcay
04 Септември 2021•Ажурирај: 06 Септември 2021
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили неутрализираа најмалку седум терористи на ПКК/КЏК во северен Ирак, соопшти денес турското Министерство за национална одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Седум високи припадници на терористичката организација се неутрализирани во регионот Гара“, соопшти Министерството, додавајќи дека антитерористичките операции во северен Ирак продолжуваат.
Припадниците на терористичката организација ПКК се кријат во северен Ирак, близу јужната граница со Турција, каде што подготвуваат терористички напади во Турција.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, терористичката организација ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.