Jeyhun Aliyev
12 Ноември 2018•Ажурирај: 13 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Терорист на ПКК, кој им се предаде на турските безбедносни сили, призна дека таканаречените водачи на терористичката организација сексуално злоупотребувале малолетни лица и жени кои биле измамени да дојдат во нивните кампови, јавува Anadolu Agency (AA).
Според сведоштвото на терористот на ПКК со кодно име „Амед“, оние што се спротивставувале или ја попречувале на кој било начин сексуалната злоупотреба биле убивани од страна на терористите, или обвинувани како предавници и измачувани во ќелии во пештерите.
Терористот сведочи дека припадници на ПКК ги присилувале младите лица и децата на користење дрога, со цел да развијат зависност, за да ги носат лесно во областите со судири, но и заради сексуална злоупотреба.
Во 2015 година Амед, како млад регрут во терористичката организација, бил сведок на сексуално злоупотребување на новодојдена девојка во организацијата со кодно име „Даршин“, во подрачјето на Даглиџа, во турската област Хакќари.
Во 2016 година, Амед призна дека и тој бил сексуално злоупотребуван од друг терорист со иранско потекло со кодно име „Шахан“, во северниот ирачки регион Зап.
И покрај поплаките за тоа, Амед бил обвинет за шпионирање, лаги и клевета, и бил затворен во затворот „Кукер“, во терористичкиот камп во подрачјето на Зап, северен Ирак.
Амед раскажа дека таканаречените водачи на ПКК во регионот на Ќандил во северен Ирак биле познати по своето перверзно однесување, додавајќи: „Особено по своето девијантно однесување кон децата и жените познати беа Мурат Карајилан и Дуран Калкан“.
Терористот додаде дека децата кои биле измамени, принудени и киднапирани за придружување на терористите во камповите, живееле во страв од погубување, додека некои што нашле можност успеале да избегаат.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на речиси 40.000 луѓе.