Zafer Çakmak
02 јануари 2016•Ажурирај: 03 јануари 2016
АНКАРА (АА) - Судот во Анкара нареди притворање на две лица кои претходно биле уапсени под сомнение за планирање на самоубиствен бомбашки напад на Новогодишната ноќ во главниот град на Турција, јавува Anadolu Agency (АА).
Полицијата во Анкара во средата, 30 декември изврши рација во градот Jакуб Абди и во таа прилика се приведе двајца терористи, членови на терористичките организации ДАЕШ.
Инаку, се работи за мажи со иницијали M.C и А.Ј, кои денеска се изведени пред суд во Анкара, каде им е одреден притвор.
Полицијата за време на претресот во Анкара запленила елеци кои се користат од страна на бомбаши-самоубијци и експлозивни направи подготвени за активирање.
Двајцата се подготвувале за напад на две различни места во близина на централниот плоштад на градот на кој се организира прославата на Нова Година.
Двајцата терористи поседуваа голема количина на експлозив, кој можеше да предизвика повеќе штета отколку што беше предизвикано со терористичкиот напад на 10 октомври, пред железничката станица во Анкара, при што 99 лица ги загубија своите животи, а стотици други беа повредени.