Elvir Hociç
04 Ноември 2018•Ажурирај: 05 Ноември 2018
РИМ (АА) - Најмалку девет лица загинаа во поплавите на италијанскиот остров Сицилија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Локалните власти утринава соопштија дека спасувачките екипи пронашле тела на девет загинати лица во куќа во местото Кастелдача кај Палермо.
Пожарникарската служба потврди дека станува збор за родители и деца од две семејства.
Тело на уште едно лице утринава е пронајдено и во центарот на градот Викари.
Италија веќе неколку дена е соочена со налети на силни ветрови, обилни врнежи и поплави во кои изминатата недела животот го изгубија најмалку 15 лица.