Ekipa
24 Јануари 2016•Ажурирај: 25 Јануари 2016
МАНАГВА (АА) - Најмалку 13 лица загинаа кога брод со повеќе од 30 туристи заплови во невремето на брегот на Карибите во Никарагва, јавува Anadolu Agency (AA).
Командантот на никарагванската морнарица Марио Берингос соопшти деа сите загинати беа државјани на Коста Рика, кои патуваа на бродот „Реина дел Карибе".Тој рече дека повеќето страдани беа жени, а дека преостанатите 19 туристи се спасени.
Бродот потона кога заплови во немирните води на југот на Карибите кое е зафатено од невремето.
„Ова е голема трагедија, многу болна за нас, бидејќи Костариканците, нашите центроамерикански браќа и сестри страдаа за време на пловидбата во карибсите води на Никараква" , рече портпаролот на владата на Никарагва Росарио Мурило.
Челниот на морнарицата Бериос исто така соопшти дека капетанот на бродот и сопственикот се уапсени бидејќи бродот не смееше да плови поради невремето кое трае веќе неколку дена.
„Објавивме низа предупредувања, дека може да може да дојде до силно невреме и бранови, и дека бродовите не би смееле да пловат, но се чини дека тие предупредувања се занемарени", рече Бериос.