Sertaç Bulur
07 Јануари 2019•Ажурирано: 08 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Турската и грчката полиција за борба против трговија со дрога, на грчкото пристаниште „Пиреја“ спроведоа операција во која во контејнер открија многу големо количество таблети дрога, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите до кои дојде новинарот на АА, турската полиција, која деноноќно работела со цел пред лицето на правдата да бидат изведени трговците со дрога, добила информација дека на грчкото пристаниште „Пиреја“ пристигнал контејнер од Сирија со многу големо количество таблети дрога.
По добиената разузнавачка информација, во Грција е упатена специјална екипа и информацијата е споделена со грчката полиција.
Турската и грчката полиција спроведоа заедничка операција, пребарувајќи ги контејнерите пристигнати на пристаништето „Пиреја“.
При пребарувањето на контејнерите, во калапи излиени од олово пронајдено е многу големо количество таблети дрога. Операцијата е во тек, со цел фаќање на одговорните.