Hamdi Çelikbaş
18 Октомври 2017•Ажурирај: 18 Октомври 2017
АНКАРА (АА) - Вооружените сили на Република Турција (ТСК) неутрализираа петмина припадници на терористичката организација ПКК во акциите во подрачјето на Зап во северен Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Од турскиот Генералштаб е соопштено дека воздушните операции на ова подрачје продолжуваат. Авионите што учествувале во акцијата, по успешно извршената мисија, се вратиле во базата.
Планините Кандил, Гара, Метин и Зап се наоѓаат во северниот дел на Ирак, долж ирачко-турската граница. Станува збор за подрачје познато како колевка на терористичкото движење ПКК, кое се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и Европската унија (ЕУ).