Muhammed Boztepe
23 Јануари 2018•Ажурирај: 23 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Во воздушна акција на Вооружените сили на Турција извршена вчера на подрачјето на Зап, во северен Ирак, уништени се упоришта на терористичката организација ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на Турција соопшти дека воздушната акција е извршена врз упориштата на терористите кои подготвувале напад врз безбедносните сили во подрачјето на Зап.
Во акцијата се уништени засолништа и воени позиции.
По успешно извршената мисија, авионите се вратија во базата.