Hamdi Yıldız
15 Ноември 2021•Ажурирај: 16 Ноември 2021
БАГДАД
Ирак денес објави дека 571 ирачки граѓанин се идентификувани во осум кампови на границата меѓу Белорусија и Полска, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството за надворешни работи, Ахмед ал Сахнаф изјави дека не е возможно да се знае точниот број на Ирачани таму, бидејќи должината на границата на наведените земји изнесува 680 километри.
Портпаролот Сахнаф изјави дека неговата земја планира да го испрати првиот авион на 18 ноември, за репатријација на Ирачаните во својата земја.
Нагласувајќи дека владата нема средства да ги спречи своите граѓани да одат во друга земја во странство, Сахнаф рече дека по соработката со Турција, Ирачаните биле спречени да одат во Белорусија и почнале да соработуваат со други земји.
Ирачката влада минатиот август објави дека 690 граѓани кои останале во областа на границата меѓу Белорусија и Литванија, биле вратени назад.