Orhan Onur Gemici
13 Декември 2016•Ажурирај: 14 Декември 2016
АНКАРА (АА) – Турското министерство за внатрешни работи изјави дека во операциите спроведени меѓу 12 и 13 декември против терористичката организација ПКК/КЏК во 28 градови, приведени се 568 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според изјавата од прес-центарот на Министерството за внатрешни работи на Турција, меѓу 12 и13 декември, против терористичката организација ПКК/КЏК спроведени се акции во 28 градови. Во Анкара се приведени 17 лица за кои се трвди дека учсетвувале во активности и протести во име на терориситичката организација, меѓу кои и раководители на ХДП.
Во Анталија приведени се 14 лица, од кои 7 поради ширење пропаганда на социјалните мрежи за организацијата, а останатите 7 поради членување во терористичка организација и активности во име на истата.
Поради членство во терористичка организација и учество во нејзини активности во Ардахан приведено е 1 лице, во Батман 2, во Бингол Карлиова 1, во Битлис 23, во Дијарбакир 19, во Елазиг Каракочан 7, во Ерзинџан 4, во Игдир 1, во Ширнак 9, во Текирдаг 4, во Туџели 8, во Ван 6 и во Мардин 4.
Исто така, од властите на помалите и поголемите општини припадници на ХДП и ДБП во Адана се приведени 29, во Баликесир 8, во Шанлиурфа 194, во Мерсин 93, во Маниса 4, во Ескишехир 3 и во Газиантеп 43 лица.
Во Хакќари приведени се 8 лица, кои во име на ПКК/КЏК, наводно како потструктура на политичка академија и градското собрание, вршеле активности и протести.
Во Истанбул приведени се вкупно 37 лица, од кои 23 се функционери во политичките структури на организацијата и во раководството на ХДП, а за остатаните 14 се тврди дека ширеле пропаганда преку социјалните мрежи.
Во Измир се приведени 11 лица поради ширење на терористичка пропаганда на социјалните мрежи, а во Карс Кагизман приведени се тројца, за кои се тврди дека помагале на организацијата и биле вклучени во протести и активности, а меѓу нив се наоѓаат и управители на помали општини.
Во Кајсери пак приведени се 7 лица со изговор дека учествувале во активности во рамките на младите структури и ширеле пропаганда по социјалните мрежи, додека пак, во Сирт се приведени 8 лица, поради помагање и криење на милитанти на организацијата.