Necat Hazar
09 Април 2017•Ажурирај: 10 Април 2017
ВАН (АА) - Во акција против терористичките организации ПКК/КЏК изведена во Ван, источна Турција, беа приведени 26 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на истрагата на обвинителството во Ван, тимовите на Одделот за борба против тероризмот извршија антитерористичка акција на 26 адреси во центарот на градот.
Лицата се уапсени под сомнение дека се членови на терористичка организација.
За време на претресот во домовите на осомничените, запленета е голема количина на документи и дигитален материјал.