İlkay Guder,Enes Duran
08 Ноември 2016•Ажурирај: 09 Ноември 2016
АНКАРА (АА) – Заменик-премиерот на Република Турција, Вејси Кајнак, изјави дека во рамките на борбата против терористичката организација ФЕТО, по обидот за државен удар на 15 јули, во Турција се затворени најмалку 104 фондации, јавува Anadolu Agency (AA).
Во разговорот со новинар на АА, Кајнак се осврна на борбата против терористичката организација ФЕТО кога е во прашање Генералната дирекција на фондации, која работи при Владата на Република Турција.
Заменик-премиерот истакна дека по 15 јули, најпрво се направени ревизии и контроли во 15 фондации коишто се основачи на универзитети, а се доведуваат во врска со ФЕТО.
„Управата на овие фондации е суспендирана и против неа е започната правна постапка. Нашата борба е продолжена, затворени се вкупно 104 фондации, а Генералната дирекција за фондации презеде контрола над движниот и недвижниот имот на овие фондации“, изјави Кајнак.
Тој додаде дека се направени истраги во врска со активностите на голем број фондации, како и дека е суспендиран одреден број членови на персоналот, поради поврзаност со терористичката организација ФЕТО.