Esra Akgün
27 Октомври 2016•Ажурирај: 27 Октомври 2016
ДИЈАРБАКИР (АА) - Во експлозија на подметната бомба, во околината на градот Хани во областа Дијарбакир, од страна на терористите на ПКК, загинаа двајца војници, а уште двајца се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Од безбедносни извори се дознава дека во руралниот дел во близина на градот, додека безбедносние сили вршеле истражување на теренот, бил активиран експлозив кој претходно бил поставен. Од експлозијата загинале двајца војници и уште двајца биле ранети.
Ранетите војници се префрлени во државната болница во Дијарбакир, додека на теренот продолжува потрагата за пронаоѓање на терористите.