Ekipa
09 Април 2016•Ажурирај: 10 Април 2016
ПАРИЗ (AA) - Белгиски функционер рече дека е уапсенп шестото лице осомничено за терористичките напади на 22 март оваа година во Брисел, додавајќи дека пет се уапсени во неколку рации во петокот, јавува Anadolu Agency (AA).
Извор од кабинетот на Федералното обвинителство на Белгија, кој сакаше да остане анонимен, рече дека лицето е во притвое, но одби да даде повеќе детали до нивно покасно објавување во сабота.
Додаде дека осомничениот кој е уапсен, порано властите го идентификувале само како Осама К. од Шведска, односно Осама Крајем од шведскиот град Малме.
Магнус Рансторп, експерт за борба пртотив тероризмот од Шведскиот колеџ за национална одбрана рече дека Крајем порано на социјалните мрежи објавувал свои фотографии од Сирија.