?????
06 јануари 2016•Ажурирај: 07 јануари 2016
БРИСЕЛ (АА) - Германија, Данска и Шведска истакнаа дека морат да направат дополнителни напори за да се спречи доаѓањето на мигрантите во Европа од Турија. Истовремено, искажаа надеж дека ќе ги ублажат рестрикциите на границите во најкраток можен рок, јавува Anadolu Agency (AA).
Оле Шхредер, секретарот на државниот парламент во Министерството за внатрешни работи на Германија, нагласи дека главен проблем е фактот што Европа моментално нема функционален систем, посебно кога е во прашање границата помеѓу Грција и Турција.
„Планот на Европската унија за преспределба на бегалците кои доаѓаат во Грција и Италија не функционира. Кога одговорот на ЕУ на мигрантската криза ќе падне, ќе дојдеме до ситуација во која секоја членка ќе воведува сопствени мерки", предупреди Шхредер.
Тој навно истапии по состанокот на функционерите за миграции на трите северноевропски земји во Брисел. Разговорите се иницирани откако Шведска воведе поверка на личните документи на сите луѓе кои патуваат за Данска. Слично направи и Данска која ги прошири контролите на границата со Германија.