Kerem Kocalar
20 Април 2018•Ажурирај: 20 Април 2018
ГАЗИАНТЕП (АА) - Главните уредници на редакциите на Anadolu Agency (АА) на странски јазици и уредниците на редакцијата за меѓународни вести на АА, го посетија турскиот град Газиантеп.
Главните уредници на АА од сите страни на светот кои се наоѓаат во Турција со цел да учествуваат на „Годишниот состанок на уредници“ на АА, го посетија и Газиантеп, кој се наоѓа во јужниот дел на Турција.
Уредниците се сретнаа со гувернерот на Газиантеп, Али Јерликаја, и градоначалничката на Газиантеп, Фатма Шахин, кои ги информираа уредниците околу активностите кои се спроведуваат во местата ослободени во операцијата „Штитот на Еуфрат“, како и во врска со бегалците кои дојдоа во градот бегајќи од граѓанската војна во Сирија.
Јерликаја истакна дека Газиантеп како град кој се наоѓа на границата со Сирија, во последните седум години дава голема поддршка во однос на подобрувањето на секојдневниот живот во пограничните подрачја на Сирија.
Истакнувајќи дека Турција примила околу 3,5 милиони бегалци, од кои 500.000 се наоѓаат во Газиантеп, Јерликаја укажа на важноста на АА од аспект на турските и светските медиуми, и упати благодарност до сите вработени на АА.

Од друга страна, градоначалничката Шахин нагласи дека жителите на Газиантеп веќе седум години прифаќаат, како што рече, гости од Сирија, без да го намалат квалитетот на секојдневниот живот во градот.
Шахин информираше дека реализираат голем број активности за бегалците од аспект на образованието и социјалниот живот, и дека постигнале големи успеси кои се за пример.
Осврнувајќи се на активностите кои ги реализирале во Сирија, и за сириските бегалци, Шахин истакна дека делегацијата на АА се очекува да реализира средби и во Сирија.
Шахин нагласи дека важно е главните уредници на АА, која е меѓу најзначајните институции во Турција, да ги видат реализираните активности на лице место.