Ekipa
01 Ноември 2017•Ажурирај: 02 Ноември 2017
ПАРИЗ - По речиси две години, вонредната состојба во Франција повеќе не е во сила, јавува Anadolu Agency (AA).
Премиерот Едуард Филипе денес се обиде да ги убеди туристите и сите француски граѓани дека и понатаму ќе има добро ниво на безбедност, благодарение на новиот Закон за борба против тероризмот. Од друга страна, критичарите на премиерот тврдат дека со новиот закон се кршат некои од граѓанските слободи.
Филипе ја посети Ајфеловата кула за да го одбележи крајот на вонредната состојба, која беше воведена во Франција по нападите на ДЕАШ на 13 ноември 2015 година, на неколку локации во Париз, при што загинаа 130 лица.
Премиерот истакна дека крвавиот напад со камион во Њујорк е потсетник дека нивото на заканата е високо во целиот свет и вети построги безбедносни мерки на чувствителните локации.