Besar Ademi
16 Февруари 2016•Ажурирај: 17 Февруари 2016
СКОПЈЕ (АА) - Еврокомесарот за преговори и проширување, Јоханес Хан денес изјави дека предвремените парламентарни избори кои се предвидени да се одржат на 24 април во Македонија зависат од оценката на ОБСЕ \ ОДИХР и Државната изборна комисија (ДИК) за тоа дали се обезбедени условите за нивното одржување, јавува Anadolu Agency (AA).
"Имавме договор од јуни/јули минатата година и дел од овој договор е одржувањето на предвремени избори. Но, не можам да ви дадам одговор во моментов. Зависи од исходот на меѓународните институции и на Државната изборна комисија, што е нивната оценка за зрелоста за подготовка на изборите. Потоа, тие треба да донесат одлука" изјави Хан за МИА.
ВМРО-ДПМНЕ вели дека се исполнети сите услови за одржување предвремени парламентарни избори, кои според Договорот од Пржино треба да се одржат на 24 април оваа година, а од друга страна СДСМ, вели дека голем дел од точките на потпишаниот договор се спроведуваат со задоцнување, а дел се уште не е целосно имплементиран.
Претникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, рече дека СДСМ ги води најважните институции кои ќе ги подготват предвремените парламентарни избори, како што се Министерството за внатрешни работи и Државната изборна комисија и додаде дека македонската опозиција ги има сите опции за да учествуваат на изборите.
"Државата е должна на оваа политичка криза да ја затвори со предвремени избори, во која луѓето ќе ја имаат главната улога во донесувањето на одлуки, и ќе го даде своето мислење за текот на настаните и кој ќе ја води земјата во наредниот период ", рече Милошоски.
Милошоски кажувајќи дека бил назначена специјалната Јавна обвинителка и дека Министерството за внатрешни работи денеска е предводена од македонската опозиција, додаде дека сите точки на Пржинскиот договор се целосно спроведени. Тој истакна дека предвремените избори треба да се одржат на 24 април, бидејќи тоа е единствениот начин за решавање на политичката криза во земјата.
Од друга страна, пратеничката од СДСМ, Софија Куновска, рече дека единственото нешто што го интересира ВМРО-ДПМНЕ е на што можен побрз начин да се одржат изборите, но не се заинтересирани за квалитативни реформи за организација на изборите, како што е дефинирано во Догороворт од Пржино.
"Ставот на СДСМ е дека голем дел од договорот од Пржино не се спроведува. Оваа сегашната ситуација е на Избирачкиот список, процесот на кој се уште не почнато да се чистат листите. Ова е и во реформите на медиумите, каде сеуште не е постигнат договор.Сите сме сведоци на стагнација на работите од областа на специјален јавен обвинител, на која со закаснување и се овозможи буџетот", рече Куновска, која истакна и дека Македонија не смее да си дозволи правдата да биде заменета со избори, како и дека смо слободни и демокатски избори можат да ја спасат земјата.