Ali H. M.Abo Rezeg
05 Јануари 2017•Ажурирај: 06 Јануари 2017
ДАМАСК (АА) - Припадници на милицијата на Хезболах вчера не ѝ дозволи на руска воена делегација да влезе во опколената област Вади Барди, во околината на Дамаск, соопштија локални извори, јавува Anadolu Agency (AA).
Анонимни извори изјавиja дека жителите на областа ja поканиле делегацијата од четворица руски воени офицери за да го надгледува спроведувањето на договорот за прекин на огнот, кој стапи на сила минатата недела.
На делегацијата, сепак, не ѝ бил дозволен влез во тоа подрачје од страна на милицијата на Хезболах, а потоа била принудена да се врати во Дамаск, велат изворите.
Во сличен случај истиот ден, како што се наведува, авион на сирискиот режим фрлил неколку импровизирани барелни бомби на Вади Барди.
Од 23. декември, најмалку 30 цивили се убиени во нападите на сирискиот режим и сојузничките милиции во подрачјето на Вади Барди.
Според локални извори, сирискиот режим и неговите сојузници повеќепати го прекршиле примирјето во Вади Барди.
Договорот за прекин на огнот беше постигнат со посредство на Турција и Русија, а стапи во сила пред речиси една недела.