Mustafa Çalkaya
14 Август 2018•Ажурирај: 15 Август 2018
АНКАРА (АА) - МУСТАФА ЧАЛКАЈА - Бројот на турски компании вклучени во „Defense News Top 100“, која се смета за најпрестижна листа на одбранбената индустрија во светот, се зголеми на четири компании, јавува Anadolu Agency (AA).
Објавена е листата „Defense News Top 100“ од страна на американското списание „Defense News“, подготвена врз основа на минатогодишната продажба во одбранбената област.
На оваа листа се вклучени четири турски компании од одбранбената област, од кои „АСЕЛСАН“ („ASELSAN“) на 55. позиција, „ТУСАШ“ („TUSAŞ“) на 64. позиција, „РОКЕТСАН“ („ROKETSAN“) на 96. позиција и „СТМ“ („Savunma Teknolojileri Mühendislik ve Ticaret AŞ“ (STM) на 97. позиција.
„СТМ“ за прв пат влезе на оваа листа, додека „АСЕЛСАН“ и „РОКЕТСАН“ се позиционираа за две места погоре.
„АСЕЛСАН“ го зголеми својот перформанс со проектите што ги реализира во земјата и странство. Заработката на „АСЕЛСАН“ во 2016 година беше 1 милијарда и 195 милиони долари, а минатата година добивката на оваа компанија беше зголемена на 1 милијарда и 424 милиони долари, со тоа што продолжи да ја зголемува својата позиција на оваа листа, на која за прв пат беше вклучена во 2006 година.
„АСЕЛСАН“ овој успех го постигна со производите и решенијата што ги разви врз основа на истражување и развој во областите како што се системи за воено и цивилно известување, радарски и електронски системи за војување, електро-оптички системи, системи за авиони, одбранбени и оружени системи, системи за команда и контрола, како и поморски системи.
Од друга страна, „ТУСАШ“ ги реализираше домашните проекти како беспилотното летало „АНКА“, хеликоптерот „АТАК“, како и „ХУРКУШ“, а вршеше и производство за компаниите од авионската индустрија како „Boeing“, „Airbus“, „Lockheed Martin“, „Northrop Grumman“, „Bombardier“ и „Leonardo“. „ТУСАШ“ за прв пат во 2011 година влезе на оваа листа на 83. позиција, а продолжува да биде присутна и на овогодишнешната листа со заработка од 1,1 милијарди долари.
„РОКЕТСАН“, како и минатата година, и овој период е вклучена на листата со заработка од 376 милиони долари, додека „СТМ“ со заработка од 369 милиони долари, за прв пат оваа година е вклучена на оваа листа.
На прво место на листата на „Defense News Top 100“ се наоѓа компанијата „Lockheed Martin“ со заработка од 47 милијарди и 985 милиони долари, по која следуваат „Raytheon Company“ (23 милијарди и 573 милиони долари), „BAE Systems“ (22 милијарди и 380 милиони долари), „Northrop Grumman“ (21 милијарда и 700 милиони долари), а на петто место се наоѓа „Boeing“ (20 милијарди и 561 милиони долари).