Barış Gündoğan
12 Мај 2018•Ажурирај: 13 Мај 2018
ЕРЗИНЏАН (АА) - Премиерот на Република Турција, Бинали Јилдирим, зборувајќи за претстојните избори што ќе се одржат на 24 јуни, истакна дека целта на Народната алијанса (AK Parti и MHP) е јасна, и дека таа се однесува на опстанокот и иднината на турскиот народ, јавува Anadolu Agency (AA).
Јилдирим денес престојуваше во североисточниот турски град Ерзинџан на церемонијата на заедничкото отворање на неколку завршени проекти, а во таа пригода се осврна и на претстојните претседателски и парламентарни избори, кои во Турција ќе бидат одржани на 24 јуни.
Зборувајќи за Народната алијанса, во чии рамки Партијата за правда и развој (AK Parti) и Партијата на национално движење (MHP) заеднички ќе настапат на претстојните избори, Јилдирим изјави:
„Како што знаете, формирани се некои други сојузи, а тие се формирани против Народната алијанса. Но, нашата цел е многу јасна, опстанокот и иднината на нашиот народ, однатре и однадвор покажување исправен и одлучен став на народот против сите империјалистички сили. Поради тоа ние нашиот сојуз го правиме со народот.“
Тој додаде дека сите непријатели на Турција, сепаратисти, припадници на ФЕТО, по 13. пат ќе доживеат разочарување кога ќе биде остварена победа на изборите на 24 јуни.