Aybala Arpacı
09 Јуни 2016•Ажурирај: 09 Јуни 2016
ХАКАРИ (АА) - Во месноста Шемдинли, во Хакари, терористи на ПКК извршија напад во кој животот го загубија двајца чувари на селото, додека еден чувар е ранет, јавува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации, врз чуварите на село во руралниот предел на Узумкиран бил отворен оган.
Во судирот, двајца чувари загинаа, а еден е повреден.
Повредениот чувар е префрлен во болница. Во регионот е започната акција на пребарување на теренот, која е поддржана од воздух.