İsmail Şen
11 Јуни 2016•Ажурирај: 12 Јуни 2016
ЕЛАЗИГ (AA) – Дрво во Елазиг, во средишниот дел на Турција, направено од делови од автомобил и други моторни возила, привелкува големо внимание кај јавноста, јавува Anadolu Agency (AA).
Дрвото тешко шест тони и високо десет метри го направи академик од Универзитетот Фират, Чучан Кеџеџи.
„Дрвото на знаење", како го нарече Кеџеџи, направено со цел да се укаже на важноста на читањето, а неговото изработување траеше четири месеци. На дрвото, наместо овошје, поставени се книги кои симболично ги претставуваат „плодовите на знаење" .
„На дрвото се наоѓаат три човечки фигури, од тив едната е жена. и прикажав луѓето кои се качуваат на дрвото и се симнуваат откако ќе го уберат плодот, книгата. Доколку само еден процент од луѓето одлучат да почнат да читаат, мојата мислија е успешно остварена", рече Кеџеџи.
Тој во разговор за АА рече дека девет години се бави со преработка на метални делови од возила од кои прави човечки фигури и личности од филмови.
Како составен дел од „дрвото на знаење" помеѓу дригите, искористени се, ланци, тркала, и делови од автомобилски мотор.
Дрвото го симболизира платанот кој се смета за важен во турската книжевност.
„За дизајнот на двото користев отпден материјал. Споив илјада делови. Искористив околу пет до шест тони отпаден материјал. Сакам да прикажам фигури како рипаат од дрвото. На дрвото се наоѓаат и 47 книги. Самите книги се тешки околу 500 килограми. Сакам да ги поставам и листовите од платанот. Околу две илјади листови од платан поединечно ги заварив на дрвото", рече Кеџеџи.
Дрвото е изложено во дворот на Педагошкиот факултет на Универзитетот Фират.