Fuat Kabakçı
21 Ноември 2017•Ажурирај: 21 Ноември 2017
ПЕКИНГ (АА) - Јапонската автомобилска компанија „Honda“ (Хонда), соопшти дека ќе повлече околу 255 илјади возила од Кина поради проблеми во ретровизорите, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението објавено на интернет-страницата на јапонскиот произведувач на автомобили „Honda“, се наведува дека ќе бидат повлечени 254.650 возила произведени во периодот од 2013 до 2017 година, вклучувајќи ги моделите „Spirior“ и „Elysion“.
Според ова соопштение, процесот на повлекувањето на возилата ќе започне во јануари 2018 година, а дефектите во автомобилите ќе бидат отстранети бесплатно.