Gamze Türkoğlu Oğuz
11 Септември 2017•Ажурирај: 11 Септември 2017
РИМ (АА) - Луксузниот модел на Ферари „LaFerari Aperta“ (Ла Ферари Аперта) е продаден на аукција за 10 милиони долари, пренесува Anadolu Agency (AA).
Аукциската куќа „RM Sotheby's“ (РМ Сотбис) одржа јавна аукциска продажба во комплексот на фабриката на Ферари во Италија, на којашто беше продаден луксузниот модел кој сè уште не е ниту монтиран.
На аукцијата учествуваа 12 заинтересирани купувачи, а најсреќниот и „најдарежливиот“, за десет милиони долари стана сопственик на „LaFerrari Aperta“.
Управата на Ферари изрази задоволство од продажбата која достигна двојно поголема цена од првобитно проценетата вредност на автомобилот.
Аукцијата беше организирана по повод 70. роденден на Ферари, а соборен е и светскиот рекорд, бидејќи „LaFerrari Aperta“ стана најскапото продадено возило во 21. век.
Вкупно се произведени 210 примероци од луксузниот „LaFerrari Aperta“, а неименуваниот сопственик го купи последниот модел кој сѐ уште е во фаза на склопување.
Компанијата Ферари (Ferrari) целиот износ од 10 милиони долари ќе го донира на хуманитарната организација „Save the Children“ (Спасете ги децата).