Adem Şalvarcıoğlu
16 Јули 2018•Ажурирај: 17 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Британската автомобилска компанија „Ролс-ројс“ (Rolls Royce), работи на проект за луксузни летечки таксија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на „Би-би-си“ (BBC), оваа компанија, позната по производство на луксузни автомобили, соопшти дека работи на проект за летечки таксија, кои ќе бидат во иста категорија со луксузните автомобили.
Се вели дека овие таксија, чија скица е подготвена со 3Д-принтери, ќе поседуваат крила кои ќе можат да ротираат 90 степени, и ќе можат да носат 5 патника.
Турбините на овие луксузни летечки таксија ќе работат со моќност од 500 киловати, ќе можат да складираат енергија и ќе имаат брзина од околу 405 километри на час.
Овие летечки таксија се дизајнирани за олеснување на транспортот во преполните градови, а се вели дека во употреба ќе бидат пуштени во 2020 година.
Исто така, и компанијата „Убер“ (Uber), претходно соопшти дека работи на сличен проект за летечки таксија.