Emel Öz Gözellik
24 Јуни 2018•Ажурирај: 25 Јуни 2018
ПЕКИНГ (АА) - На југозападниот дел на Кина пронајден е фосил од желка, стар 150 милиони години, пренесува Anadolu Agency (AA).
Новинската агенција „Синхуа“ (Xinhua) објави дека фармерот Лиу Чангју од Чонгџинг, пронашол оклоп од желка за кој мислел дека е карпа.
Неговата ќерка фотографиите ги подели на социјалната мрежа WeChat. Фотографиите брзо се проширија на социјалните мрежи, а беа забележани и од палеонтолозите на локалниот геолошки парк, кои го повикаа Лиу за да извршат анализа на оклопот.
Со истражувањето е утврдено дека фосилот е стар 150 милиони години и одлучено е да биде изложен во музејот.