Ayşe Doğru
12 Јануари 2022•Ажурирај: 14 Јануари 2022
АНКАРА (АА) - Научниците во Канада развија наноантена која може да испраќа и прима радиобранови, користејќи синтетичка ДНК за следење на структурните промени во протеините, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според студијата, истражувачите од Универзитетот во Монтреал развија антена за еден илјадити дел помала од човечко влакно, која прима светлина во една боја и ја пренесува назад во различна боја, во зависност од нејзината интеракција со протеинот.
Резултатите од студијата се објавени во списанието „Нејчр методс“ (Nature Methods).
Истражувачите, искористувајќи го самосклопувањето на блокови на ДНК, кои ги содржат сите потребни инструкции за организмот да се развива, живее и репродуцира, создадоа флуоресцентни наноантени базирани на ДНК кои можат да ги опишат функциите на протеините, користејќи кратки синтетички ДНК-низи кои дејствуваат како испреплетени лего.
Рецепторите на антената долга 5 нанометри произведуваат различен сигнал со хемиски одговор на молекулите на површината на протеинот, тогаш кога целниот протеин извршува одредена биолошка функција.
Што значат овие сигнали, се одредува од светлината што ја емитува антената.
Благодарение на наноантената што ја развија, истражувачите објавија дека за првпат, ензимот на алкална фосфатаза успеал да открие интеракции со многу биолошки молекули и лекови во реално време и дека овој ензим е поврзан со многу видови рак и цревни воспаленија.
Новата развиена технологија се очекува да биде особено корисна во новите пронајдоци за лекови.