Emre Aytekin
20 Октомври 2021•Ажурирај: 20 Октомври 2021
ПЕКИНГ (АА) - Кина соопшти дека го тестирала најмоќниот ракетен мотор на цврсто гориво во светот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Кинеската корпорација за аеровселенски науки и технологија (CASC) се наведува дека ракетниот мотор достигнал 500 тони потиснувачка сила при тестирањето на земја во градот Ксиан во покраината Шанси.
Моторот од 3,5 метри произведува четирипати поголема моќност од ракетниот мотор со течно гориво што го лансира „Лонг марч 5“, најголемата ракета носач што се користи моментално во кинеската вселенска програма. Исто така, се додава дека е најдобра во светот во оваа област.
Се нагласува дека за намалување на тежината и големината на ракетниот мотор се користат композитни материјали што содржат влакна со висока отпорност.
Од друга страна, за да се зголеми потиснувачката сила во комората за издувни гасови и согорување се користат некои нови технологии.
Се посочува дека верзијата на моторот што може да произведе 1.000 тони потиснувачка сила е исто така во развој.
Ракетите со цврсто гориво, кои можат брзо да се транспортираат од едно до друго место, се широко користени во воените платформи. Ракетни мотори со течно гориво се претпочитаат во вселенските програми бидејќи обезбедуваат поефективен погон, но подготовката за лансирање трае долго време.
Се предвидува дека напредокот во оваа технологија ќе отвори нови можности за лансирање сателити и за вселенски мисии со екипаж.