Tevfik Durul
13 Март 2017•Ажурирај: 13 Март 2017
ПЕКИНГ (АА) - Во југозападна Кина, за посетителите е пуштен во употреба Отворениот сферен радиотелескоп, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста објавена во „Чајна дејли“, во градот Пингтанг, кој се наоѓа во провинцијата Гуејџоу, за посетителите е отворен наголемиот радиотелескоп на светот „Небеско око“. Се очекува телескопот да биде посетен од околу 2.000 посетители дневно.
За да нема влијание врз работата на џиновскиот телескопот со дијаметар од 500 метри, нема да биде дозволено да се носи каков било електронски апарат, и смарт телефони, на растојание од 5 километри.
Изградбата на телескопот „Небеско око“, започна во 2011 година, а чинеше 180 милиони долари. Телескопот беше пуштен во употреба во септември минатата година, за пронаоѓање знаци на живот во вселената.
„Небеското око“ е најголемиот радиотелескоп на светот, со дијаметар од 500 метри, пред телескопот Аресибо во Порто Рико, чиј дијаметар изнесува 300 метри. Со цел радиотелескопот да прима сигурни и точни радиосигнали од вселената, од подрачјето во радиус од 5 километри се раселени околу 8.000 лица.