Mahmut Atanur
08 Мај 2016•Ажурирај: 08 Мај 2016
ПЕКИНГ (АА) - Во лизгање на земјиштето на едно градилиште во Кина исчезнаа 35 луѓе, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што јавува кинеската новинска агенција Синхуа, до лизгање на земјиштето дошло на градилиште во покраината Фуџиан, во југоисточниот дел на Кина, при што исчезнале 35 работници.
Лизгањето на земјиштето се случило по обилните врнежи од дожд што го зафатија регионот.
Состојбата на спасените петмина работници е многу тешка.
Акциите на пребарување и спасување продолжуваат.