Emre Aytekin
22 Јуни 2024•Ажурирај: 23 Јуни 2024
ПЕКИНГ (АА) - Кина испрати во вселената сателит за следење променливи вселенски објекти (SVOM), развиен во партнерство со Франција, пренесува Анадолу.
Според соопштението на Кинеската национална вселенска администрација (CNSA), сателитот е лансиран од сателитскиот центар Ксичанг во провинцијата Сечуан со ракетата „Лонг Марч 2Ц“.
Ракетата ќе позиционира сателит тежок 930 килограми во орбитата на височина од 625 километри.
СВОМ, кој е развиван во партнерство со Кина и Франција од 2006 година, има за цел да снима гама зраци во длабочините на Вселената.