Islam Uddin
23 Јуни 2024•Ажурирај: 24 Јуни 2024
АНКАРА (АА) - Кина денес успешно го изврши својот прв тест за вертикално полетување и слетување од 10 километри на ракета за лансирање за повеќекратна употреба, објавија државните медиуми, пренесува Анадолу.
Ова го означува досега најголемото тестирање за вертикално полетување и слетување на ракета за повеќекратна употреба во земјата, и прва примена на домашно развиен мотор со течен кислород-метан за контролирано прецизно слетување во повратен лет од 10 километри, објави „Глобал тајмс“.
Исто така, вчера Кина лансираше астрономски сателит развиен со Франција за снимање на високоенергетски гама зраци од далечните делови на универзумот.
Дизајниран за оперативен животен век од најмалку пет години до две децении, тој ќе орбитира околу Земјата на над 600 километри над површината.