Riyaz Khaliq Khaliq
24 Април 2025•Ажурирај: 28 Април 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Кина денес ја испрати својата нова мисија „Шенжу-20“ во вселената со тројца астронаути, пренесува Анадолу.
Вселенскиот брод беше лансиран во вселената во 17:17 часот по локално време од Центарот за лансирање на сателити „Џиукуан“ во северозападна Кина.
Кинеските астронаути Чен Донг, Чен Жонгруи и Ванг Жи ќе им се придружат на колегите на кинеската вселенска станица „Тиангонг“. Командант на мисијата е Чен Донг.
Членовите на екипажот „Шенжу-20“ ќе ги заменат астронаутите од мисијата „Шенжу-19“, кои ќе се вратат дома по шестмесечни истражувања во вселената.
Официјален претставник изјави дека лансирањето било успешно.