Fuat Kabakçı
20 Февруари 2017•Ажурирај: 21 Февруари 2017
ПЕКИНГ (АА) – Кина објави дека започна со производство на компјутер којшто ќе биде побрз од досегашниот рекорд на супер компјутерот „Санвеј таихулајт“, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста објавена во „Чајна Дејли“, суперкомпјутерот „Тианхи-3“, кој се произведува во Националниот центар за суперкомпјутери во градот Тиенцин, ќе биде 10 пати побрз од досега најбрзиот компјутер во светот, кинескиот „Санвеј таихулајт“.
Одговорниот на проектот, Минг Шиангфеј рече дека новиот прототип на „Тианхи-3“, кој треба да биде завршен идната година, ќе биде со капацитет за вршење квинтилион операции во секунда (1018).
„Тиенхи-3“ целосно ќе биде изработен во домашно, кинеско производство, од процесор до оперативен систем, а до 2020 година ќе биде со целосен капацитет.
Овој суперкомпјутер, кој значително ќе придонесе во научните истражувања, ќе има ефективна улога во борбата против епидемичните болести, како и дека ќе може да прави симулација на земјотрес.
Минатата година во месец јуни, во натпревар на суперкомпјутери, „Санвеј таихулајт“ го надмина „Тиенхи-2“, кој беше 6 пати избиран за најбрз комјутер.
Процесорите на „Санвеј таихулајт“ беа од домашно производство.