Gamze Türkoğlu Oğuz
18 Април 2017•Ажурирај: 18 Април 2017
АНКАРА (АА) - На најголемата џуџеста планета во Сончевиот систем, Церес, забележано е лизгање на земјиштето слично како на Земјата, а ова претставува доказ дека на оваа планета постои мраз, јавува Anadolu Agency (AA).
Истражувањето на Технолошкиот институт во Џорџија, Соединетите Американски Држави (САД), изведено со помош на вселенското летало на Националната администрација за аеронаутика и вселена (НАСА), е објавено во списанието Nature Geoscience (Нејчр геосајанс).
Во истражувањето се наведува дека е забележано лизгање на земјиштето на Церес, слично како на Земјата, и дека формите на релјефот што се последица на тие свлечишта се делат на три вида.
Научниците велат дека одрони наречени Тип 1, кои се релативно големи, прстенести и се задебелуваат кон краевите. Тие личат на земјиштето на половите покриени со мраз, како и на глечерите, и овие одрони се забележани во повисоки (географски) ширини.
Според соопштеното, одроните од Тип 2 се најчесто забележаните лизгања на земјиштето, и тие личат на вдлабнатини предизвикани од снежна лавина, а настануваат на средна (географска) ширина.
Истражувачите соопштија дека одроните Тип 3 се забележани при топењето на извесно количество мраз при судир, и дека тие создале големи кратери и се забележани во ниските (географски) ширини.
Земајќи ги предвид распределбата и облиците на одроните, пресметано е дека горните слоеви на џуџестите планети содржат од 10 до 50 отсто мраз.
Истражувањето дава убедлив доказ дека на Церес постои значителна количина мраз.