Özüm Yalkın
16 Јуни 2016•Ажурирај: 17 Јуни 2016
ЊУЈОРК (АА) - По утврдувањето на постоењето на бранови на гравитација од страна на научниците за Теоријата на релативитет на Алберт Ајнштајн, која беше поставената пред 100 години, и при втората опсервација на теоријата биле откриени бранови на гравитација, со што е потврдена теоријата на познатиот научник, јавува Anadolu Agency (АА).
Постоењето на бранови на гравитација се потврди по вторпат, откако Ајнштајн за прв пат тоа го утврди во 1916 година.
Во текот на вториот набљудувачки процес, Ласерско-интерферометарската oпсерваторија за гравитација (ЛИГО), по втор пат евидентираше знаци на гравитација, за кои се смета дека се создаваат при спојувачкиот судир на две црни дупки.
Во изјавата на астрономските научници се вели дека е откриен втор пар од црните дупки кои се голтаат една со друга на оддалеченост од 1,4 милијарди светлосни години од нас.
Според објаснувањето на состојбата која што настанува при судир на двете црни дупки кои се голтаат меѓусебно, кој е забележан по вторпат, доаѓа до испуштање на енергија во форма на гравитациски бранови.
Според изјавата на научниците, истовремено се констатира дека била откриена црна дупка која била за 21 пат поголема од Сонцето, која се создала со спојување на две црни дупки за 8 односно, 14 пати поголеми од Сонцето.
Помошник директорот на Лабораторијата ЛИГО, при Технолошкиот Институт во Калифорнија, Аберт Лазарини, во изјавата поврзана со откритието, излезе со своја проценка дека гледајќи според двата силни настани во текот на последните четири месеци, би можело да се започне со давање на првични проценки за временскиот период меѓу гравитациските бранови, кои би можеле да настанат во иднина.
Џон Вич, член на Наставниот одбор на Бирмингемскиот Универзитет и учесник во истражувањето, потврди дека брановите кои биле утврдени за време на студијата се дел од црните дупки и проценува дека постигнатото откритие е потврда за постоењето на заедници на црни дупки, кои чекаат да бидат откриени во иднина.
Според теоријата на Ајнштајн, која вели дека силата на гравитација на летачките тела во вселената е правопропорционална со големината на објектот, големите предмети со големина колку црните дупки, имаат времеска гравитациона моќ и моќ на искривување на времето. Поставената теорија за силата на гравитација на Ајнштајн не беше потврдена сè до февруари 2016 година, кога за време на студијата беа откриени брановите на гравитација.
Теоријата на Ајнштајн за постоење на гравитациски бранови, научниците ја признаваат како најсоодветна теорија за функционирањето на Универзумот и сметаат дека откритието пронајдено после 100 години ќе биде од мошне голема полза за разбирање и на останатиот дел од Вселената, кој не може да биде виден ниту со вселенски телескопи.
Ајнштајновата теорија на релативитет, која укажува на дејството на гравитациските бранови врз целиот Универзум, научно е потврдена со последната истражувачка студија со што се срушени сите претпоставки дека оваа теорија никогаш нема да биде докажана.