Gökhan Ergöçün
01 Септември 2022•Ажурирај: 02 Септември 2022
САМСУН (АА) - Првиот турбофен мотор од турско производство, кој е воедно и најмоќниот мотор произведен во Туркије, ќе биде до почетокот на 2023 година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Махмут Фарук Акшит, извршен директор на „ТУСАШ моторни индустрии“, за АА изјави дека моторот ќе има сува потисна сила од 6.000 фунти, што е еквивалентно на околу 6.000 коњски сили.
Говорејќи на најголемиот технолошки саем во земјата, „Технофест“, во црноморската област Самсун, тој рече дека моторот е претставен за првпат.

„Две години по замислувањето на проектот, фазата на проектирање е завршена и фазата на производство е во тек“, рече тој.
„Целта е производот да се лансира во првиот квартал на 2023 година“, додаде тој.
Моторот е компатибилен со јуришни чамци, гасоводи за пумпање природен гас или со новодизајнираниот турски борбен дрон „Кизил Елма“.
„По завршувањето на овој проект, компанијата ќе дизајнира и произведе уште еден мотор за националниот борбен авион“, рече тој.
Осврнувајќи се на уште еден тековен проект за мотори, моторот ТС1400, кој ќе се користи во хеликоптерот „Ѓокбеј“ од турско производство, извршниот директор рече дека најверојатно ќе биде завршен пред крајот на годинава.