Betül Yürük
09 Септември 2016•Ажурирај: 10 Септември 2016
ЊУЈОРК (АА) - Американската национална администрација за аеронаутика и вселена (НАСА) го испрати своето вселенско возило ОЗИРИС-Рекс на астероидот Бену, со цел да се соберат примероци од почвата, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението од НАСА, ОЗИРИС-Рекс беше лансиран со ракетата Атлас, од базата Кејп Канаверал во Флорида, на 8 септември, во 19:05 часот по локално време
Се очекува ОЗИРИС-Рекс да слета на астероидот во 2018 година. Астероидот Бену е избран меѓу 500 илјади други астероиди поради неговата блиска положба до планетата Земја. Тој има дијаметар од околу 500 метри.
По слетувањето на површината на астероидот, вселенското возило ќе почне да собира карпести примероци од неговата површина, а потоа вселенското летало треба да тргне назад во 2021 година. Се очекува на планетата Земја да слета во 2023 година.