Barry Eitel
05 Јули 2016•Ажурирај: 06 Јули 2016
САН ФРАНЦИСКО (AA) – По пет години патување, мисијата вредна една милијарда долари на Американската вселенска агенција (НАСА) успешно влезе во орбитата на Јупитер, како дел од мисијата да се истражуваат потеклото на Сончевиот систем, соопшти НАСА, пренесува Anadolu Agency (AA).
Серија на радио сигнали испратени од вселенското летало потврдија дека маневарот за влез во орбитата е изведен како што беше планирано, што предизвика огромна радост и аплауз во Лабораторијата за млазен погон на НАСА во Пасадена, Калифорнија.
„Ова е феномен", изјави Џеф Јодер, раководител на Дирекцијата научна мисија на НАСА.
„Успех! Jуно сега е во орбитата, подготвен да ги открие тајните на оваа планета", напиша на својот профил на Твитер НАСА.
За да влезе во поларната орбита на Јупитер, сондата мораше да го запали својот главен мотор да за да закочи, гравитацијата на Јупитер да ја улови и да ја уфрли во поларната орбита. Бидејќи постои задоцнување на комуникацијата помеѓу Јупитер и Земјата, сондата беше ставена на автопилот кога се изврши овој маневар.Леталото е тешко 3,6 тони, работи на соларна енергија и се движи со брзина од 64 километри во секунда. Мисијата чини 1,1 милијарди долари и ќе трае 20 месеци.
Во текот на прелетувањата над Јупитер инструментите на сондата ќе ги изучуваат огромните аурори бореалис што се јавуваат на половите, атмосферата на планетата и магнетосферата. Задачата ќе биде да се направи мапа на гравитационото и магнетно поле на Јупитер за да се утврди неговата внатрешна структура, каде се претпоставува дека има заробено вода.
Поради огромното зрачење што ја окружува планетата, целата електроника во сондиата е сместена во титаниумски сеф. Гасовитиот Јупитер е петтата планета од Сонцето, а околу неа кружат 67 месечини. Има надеж дека леталото ќе открие и некои нови објекти кои кружат околу џиновската планета.
Проучувањето на Јупитер е значајно и по тоа што сознанијата за оваа планета ќе дадат одговор за создавањето на Сончевниот систем. Научниците од НАСА со нетрпение очекуваат да ја разрешат и т.н. голема црвена дамка, огромна циклонска бура, со големина од три Земји, што хара на Јупитер повеќе од 300 години.