Gamze Türkoğlu Oğuz
29 Август 2016•Ажурирај: 30 Август 2016
ХИЛО (АА) – Шестмина научници го завршија експериментот наречен „Симулација на живот на Марс”, изведен на Хаваите, на планината Мауна Лоа, на 2500 метри надморска височина, којшто траеше една година, јавува Anadolu Agency (AA).
Францускиот член на екипата Киприен Версе, изјави дека научниците кои ќе бидат испратени на Марс ќе можат да живеат на планетата.
„Според моето мислење мисијата на Марс во иднина ќе биде реалност, мислам дека технолошките и психолошките бариери ќе бидат надминати“, рече тој.
Кристијан Хенке, член во тимот од Германија, рече дека научниците во услови на сува клима успеале да обезбедат вода.
Американската веселенска агенција НАСА има обезбедено финансиски фонд за истражувањето кое го спроведува Универзитетот Хаваи. Воедно, се работи на првото човечко патување на Марс, а веќе има и научницикои се подготвуваат за тоа во изолирани средини.
Овој експеримент на Симулација на животот на Марс е втор најдолг ескперимент, направен по рускиот кој траел 520 дена.