АНКАРА (АА) - ЗУХАЛ ДЕМИРЏИ - Човековата авантура во вселената ја започна Советскиот Сојуз пред 61 година, со лансирањето на сателитот „Спутник 1“, пишува Anadolu Agency (AA).
Со цел зголемување на свеста за вселената, Обединетите нации (ОН) во 1999 година, периодот од 4 до 10 октомври го прогласија за Светска недела на вселената, која во различни земји се слави со различни активности. Во рамките на оваа недела, минатата година, во 80 земји беа организирани повеќе од 3.700 активности.
Тема на овогодишната Светска недела на вселената е „Вселената го обединува светот“, додека темата во 2019 година ќе биде „Месечината: Премин кон ѕвездите“.

- Вселената стана едно од најголемите полиња за престиж -
Во текот на Студената војна меѓу Западниот блок, предводен од САД и Источниот блок, предводен од Сојузот на Советските Социјалистички Републики (СССР), вселената беше едно од најголемите полиња за натпревар и престиж.
Прифатено е дека лансирањето на советскиот сателит „Спутник 1“ на 4 октомври 1957 година, претставува еден од најзначајните настани со кој започна човековата авантура во вселената.
„Спутник 1“ во текот на 22 дена, испраќаше радиосигнали кон Земјата. На 4 јануари 1958 година влезе во Земјината атмосфера, при што се запали и уништи во потполност.
По овој успех на Русија, САД во 1958 година во атмосферата го испратија својот прв сателит „Explorer I“, со што го направија својот прв чекор во вселенската трка.
По овој развој на настаните, Советскиот Сојуз во 1959 година кон Месечината го лансираше шатлот „Луна 2“, за две години подоцна, на 12 април 1961 година, со сличен шатл, во капсулата „Восток 1“, во орбитата на Земјата да го испрати Јуриј Гагарин. Гагарин беше првиот човек кој леташе во вселената. Летот на Гагарин траеше 108 минути и достигна висина од 327 километри.
Истата година, САД, со произведените шатл летала изработени во рамките на проектот „Мercur“, прво испратија мајмуни, за подоцна да го испратат космонаутот Алан Шепард, но тој не успеа да стигне до Земјината орбита.
По овој период, астронаутот Џон Глен, на 20 февруари 1962 година стана првиот Американец кој стигна до Земјината орбита. Глен, за време на летот кој траеше 4 часа и 56 минути, успеа на трипати да ја обиколи Земјата.
Џон Глен по овој успех беше прогласен за херој на САД и од тогашниот претседател на САД, Џон Кенеди, беше одликуван со Почесен медал на Вселенскиот конгрес. На територијата на САД, училишта и улици беа именувани по Џен Глен.
- Валентина Терешкова: Првата жена космонаут која полета во вселената -
Руската космонаутка Валентина Терешкова, на 16 јуни 1963 година, со вселенскиот шатл „Восток 6“ полета во вселената и стана „првата жена во вселената“. Таа кружеше 48 пати во орбитата на Земјата и по речиси тридневен лет во вселената, руската космонаутка, по одвојувањето од вселенскиот шатл, со падобран слета во Централна Азија.
Сели Рајд беше првата Американка космонаут која полета во вселената.
- „Ова е мал чекор за човекот, но голем исчекор за човештвото“ -
САД, кои се фокусираа на „Проект Аполо“ за испраќање луѓе на Месечината, изведоа многу слетувања на овој Земјин сателит. За време на тестирањата на „Аполо 1“ за испраќање луѓе на Месечината, дојде до пожар во кој животот го загубија тројца членови на екипажот.
На 16 јули 1969 година, на Месечината слета првото вселенско летало „Аполо 11“, во кое се наоѓаа космонаутите Нил Амстронг, Едвин Олдрин и Мајкл Колинс. На 20 јули, Нил Амстронг беше првиот космонаут кој стапна на Месечината. Дваесет минути по водачот на мисијата Амстронг, на Месечината стапна Олдрин, со што стана вториот човек кој стапнал на Месечината.
Амстронг, кој е првиот човек кој стапна на површината на Месечината, влезе во историјата со изјавата „Ова е мал чекор за мене, но голем исчекор за човештвото“.
- Русија го стиска копчето за пат на Месечината -
По „Аполо 11“, во периодот од 1969 до 1972 година беа изведени повеќе мисии на „Аполо“ за откривање на Месечината. Мисијата на „Аполо 17“, изведена на 17 декември 1972 година, беше последното патување кон Месечината со екипаж.
Јуџин „Џин“ Сернан е последниот американски космонаут кој прошета по месечевата површина и во рамките на мисијата на НАСА со „Аполо 17“, на 12 декември 1972 година, стана 12-тиот и последен космонаут кој стапна на Месечината.
Од 1972 година до денес, не е изведен ниту еден лет кон Месечината. Русија објави дека до 2029 година планира повторно да започне со летови кон Месечината со екипаж. Официјално лице од Федералната вселенска агенција на Русија (РОСКОСМОС) во 2015 година изјави дека Русија повторно го активирала проектот за патување кон Месечината. Во изјавата тој наведе „Се планира во 2029 година на Месечината да се упати мисија со екипаж од луѓе. Потребните подготовки се одамна започнати.“