Ali Cura
23 Декември 2018•Ажурирај: 24 Декември 2018
МОСКВА (АА) - Девет рудари загинаа во пожарот што избувна во рудник во подрачјето Перм, Русија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Руската новинска агенција ТАСС објави дека во близина на градот Соликамск, во подрачјето Перм, вчера избувнал пожар во рудник за калиум во кој работеле 17 рудари.
Осуммина рудари успеале да излезат од рудникот, додека преостанатите деветмина рудари останале заробени од чадот.
Спасувачките екипи по влегувањето во рудникот дошле до телата на деветтемина рудари заробени од чадот. Се истакнува дека рударите починале од труење со чадот.
Обвинителството подигна истрага против компанијата која раководи со рудникот.
Во меѓувреме, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, соопшти дека претседателот на Русија, Владимир Путин, се информирал за рударската несреќа од гувернерот на Перм, Максим Решетников и од министерот за вонредни ситуации, Јевгениј Зиничев.