Tayfun Coşkun
22 Февруари 2017•Ажурирај: 23 Февруари 2017
САН ХОЗЕ (АА) - Околу 200 луѓе се спасени со чамци од поплавите што го зафатија западниот дел на американската сојузна држава Калифорнија, јавува Anadolu Agency (AA).
Невремето во областа на Калифорнија трае со денови, а предизвикана е голема материјална штета. Еден дел од градот Сан Хозе јужно од Сан Франциско и Силиконската долина е целосно под вода.
Спасувачките екипи се на теренот, додека повеќе од 60 куќи и десетици автомобили се под вода.
Нивото на водата е до 1,5 метри, а противпожарните и другите екипи на теренот го евакуираат населението со чамци. Околу 200 луѓе, чии куќи се под вода, привремено се сместени во засолништа во градот Сан Хозе.
Пожарникарот Мич Метлоу потврди дека е евакуирано населението од околу 60 куќи. Според него, евакуирани се и животните од поплавените подрачја.
Еден од жителите Вал Казимиров вели дека во неговата куќа е предизвикана голема материјална штета.
Според него, некои од жителите купиле куќи со помош на кредит кој сѐ уште не се исплатен, а сега тие куќи се под вода.