Ahmet Furkan Mercan
02 Октомври 2019•Ажурирај: 03 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Претседателството на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) на Универзитетот „Тракија“ во Турција, обучуваше наставници од Северна Македонија, за интегрирано учење и настава, а исто така и во областите како што се наука, технологија, инженеринг и математика, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението од Претседателството, преку обуката во соработка со Универзитетот „Тракија“ и Меѓународниот балкански универзитет (IBU), спроведена е Програмата за образование и обука од страна на ТИКА.
Група од речиси 20 наставници од Северна Македонија беа обучувани во областите наука, физика, хемија и биологија, а исто така и во интегрирано учење и настава.

На обуката спроведена од страна на академици, експерти во нивните области, на Универзитетот „Тракија“ одржани се и теоретски обуки од областа на моделите на учење, како и карактеристиките на училиштата практикувани во светот.
За наставници кои завршиле со теоретска обука, исто така имало практична обука за ветерни турбини, еколошка хартија, мостови, изработка на биопластика, проектирање на слушалки од гранки на дрва, проектирање на опрема за прочистување на вода и ракети.
Наставниците кои успешно ја завршија обуката се здобија и со сертификати. Наставниците го посетија и Научниот центар при Истанбулскиот технички универзитет, Лабораторијата на Универзитетот „Ајдин“ во Истанбул и Музејот на Рахми Коч, каде што имаа можност на самото место да се запознаат со теоријата и практиката.