ШАНЛИУРФА (АА) - МУСЛИМ ЕТГУ/ЏЕБРАИЛ ЏАЈМАЗ -
Турската операција „Извор на мирот“, која започна вчера и чија цел е да придонесе кон воспоставувањето мир и безбедност во северниот дел на Сирија, како и во оневозможувањето на формирање терористистички коридор, кој терористите на ЈПГ/ПКК настојуваат да го формираат јужно од границата со Турција, истовремено е и надеж за сириските Курди кои под притисок на ПЈД/ПКК беа принудени да ги напуштат своите домови, пишува Anadolu Agency (AA)
Курдите, протерани од Сирија, исто така одблизу го следат текот на операцијата „Извор на мир“, која вчера ја покренаа Вооружените сили на Турција заедно со Сириската национална војска. Курдите кои се раселени поради притисокот на терористичката организација, желно го исчекуваат денот кога повторно ќе се вратат на своите огништа.
Претседателот на Независната курдска асоцијација, Абдулазиз Темо, за АА изјави дека терористичките организации ЈПГ/ПКК и ДЕАШ нанеле огромна штета каде што живеат тие, палејќи ги нивните села. Темо раскажа и дека терористите убиле голем број луѓе.
„Тие живеат во Кандил, тие не се луѓе. Воопшто не зборуваат, единствено што знаат е да земат оружје и да убиваат. Вршеа насилство врз сите, без оглед дали стануваше збор за Курди, Арапи, Туркмени, христијани. Народот отсекогаш чекаше терористите да се тргнат од неговата територија“, изјави Темо.
Тој нагласи дека Турција, со покренувањето на операцијата „Извор на мирот“ покажала дека е единствена која им пружа поддршка.
Рече дека сириските Курди сакаат тероризмот во регионот да биде запрен.
„Ова е причината зошто операцијата „Извор на мирот“ е добра, ќе бидат отстранети терористите, ќе биде воспоставена безбедносна зона. Сириските бегалци кои во моментот престојуваат во Турција ќе се вратат во своите домови. Ќе живееме повторно заедно. Не сакаме тероризам, ние сакаме мир“, рече Темо, потсетувајќи дека не е само ЈПГ/ПКК која го спроведува теророт, рече дека тоа го прави и сирискиот режим.
Темо на крајот нагласи дека и самиот едвај го чекал денот кога ќе биде воспоставена безбедносна зона, кога голем број сириски Курди ќе се вратат во своите домови.
„Ми недостига мојата куќа, моето семејство, 85-годишната мајка. Ги немам видено со години, тоа е многу тешко“, вели Темо.
Махмут Неби е уште еден од сириските Курди од градот Кобани, кој заедно со семејството бил принуден да побегне во Турција. Тој посочува дека е среќен што турската војска започнала операција против терористите.
„Татковината е слатка. Секој го сака местото каде што пораснал. Кога доаѓаат празниците, ми станува тешко. Го молиме Бога нашата земја да се ослободи што побргу. Куќата, автомобилот, добитокот, изгубив сè. Турција ја отвори вратата за нас, благодарен сум на тоа“, рече Неби.
Терористите на ЈПГ/ПКК и ДЕАШ ја искористија можноста на избивање на граѓанската војна во Сирија и ја окупираа територијата во северониот дел на земјата, убивајќи и мачејќи, и присилно раселија десетици илјади жители на оваа земја.
news_share_descriptionsubscription_contact


