10 Октомври 2019•Ажурирај: 11 Октомври 2019
ШАНЛИУРФА (АА) – Гувернерот на турскиот град Шанлиурфа соопшти дека во нападите на терористичката организација ЈПГ/ПКК врз цивилите загинаа две лица, од кои едно е бебе, а ранети се 46 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Кабинетот на гувернерот се наведува дека минофрлачните и ракетните проектили од Сирија паднале на местата Акчале и Џелјанпинар во Турција.
Во нападот на терористичката организација ЈПГ/ПКК загинаа деветмесечното бебе Мухамед Омар, од сириско потекло и службеник од Акчале, Чинан Ѓунеш.
Во соопштението се додава дека ранетите лица се префрлени во државната болница во Акчале.
Турските сили на 9 октомври покренаа воена операција Извор на мирот на североистокот на Сирија, односно во пограничниот појас на источниот брег на Еуфрат кој е под окупација на терористичката организација ЈПГ/ПКК.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека целта на операцијата е со елиминација на терористичките елемтни да се осигура турската граница и да се спречи воспоставување терористички коридор.
Целта е и воспоставување безбедносна зона за враќање на сириски бегалци и зачувување на територијалната целовитост на Сирија.
Турција предупредува дека терористичката организација ПКК и нејзиниот сириски огранок ЈПГ/ПКК претставуваат најголема закана за иднината на Сирија, бидејќи го загрозуваат нејзниот територијален интегритет и нејзината целовитост.