Aysu Biçer
12 Мај 2026•Ажурирај: 12 Мај 2026
Британскиот премиер Кир Стармер денес им порача на министрите дека ќе продолжи со извршување на својата функција и покрај зголемениот притисок поради неодамнешниот изборен пораз на лабуристите и повиците тој да поднесе оставка, јавува Анадолу.
Говорејќи на состанокот на Кабинетот, тој се обиде да ја стабилизира својата Влада по периодот што го опиша како „дестабилизирачки“ за Вестминстер.
Според соопштението од Даунинг стрит бр. 10, тој им порачал на министрите:
„Како што реков вчера, преземам одговорност за овие изборни резултати и преземам одговорност за спроведување на промените што ги ветивме.“
„Изминатите 48 часа беа дестабилизирачки за Владата, а тоа има реална економска цена за нашата земја и за семејствата. Лабуристичката партија има процес за предизвикување на лидерот и тој не е активиран.“
„Од нас земјата очекува да продолжиме со владеењето. Тоа е она што јас го правам и што ние како Кабинет мора да го правиме“, додаде Стармер.
Тој ги даде овие изјави во услови на сѐ поголема критика во редовите на лабуристите по изборните неуспеси на партијата.
Мијата Фанбуле, министерка за заедници, е прва владина министерка што поднесе оставка, придружувајќи им се на повеќе од 70 пратеници на Лабуристичката партија што побараа од премиерот или веднаш да се повлече или да подготви временска рамка за напуштање на функцијата.
„Политичката криза се зголеми доцна синоќа, кога Кабинетот на премиерот итно назначи заменици на шестемина помошници што поднесоа оставки претходната вечер. Овој потег се толкува како обид да се стабилизираат пониските ешалони на власта додека притисокот врз премиерот се зголемува.“