Melike Pala
19 Мај 2026•Ажурирај: 19 Мај 2026
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел денес изјави дека Европа сè уште е далеку од остварувањето на својата долгогодишна амбиција да стане „најсилен континент во светот во однос на науката“, јавува Анадолу.
Ветувањето на ЕУ за просперитет на своите граѓани е во прашање и бара нови напори, изјави Меркел во своето обраќање на церемонијата на Европскиот парламент, која се одржа во чест на првите лауреaти на Европскиот орден за заслуги.
Осврнувајќи се на ветувањата што лидерите на ЕУ ги дадоа во Лисабон во 2000 година, Меркел потсети дека Европа тогаш си постави цел да стане водечки континент во светот, предводен од знаењето и науката.
„Ако се вратите во 2000 година, кога шефовите на влади во Лисабон изјавија дека Европа треба да биде најсилен континент во светот, во однос на науката, ние сме далеку од таа цел и пред вас има уште многу работа за да се приближите до тоа ветување“, изјави таа.
Економскиот успех е клучен за одржување на пошироките европски цели, вклучително и оние за климатските промени и биодиверзитетот, предупреди Меркел.
Одржливста и економскиот развој се меѓусебно поврзани и само преку нивен заеднички напредок граѓаните ќе продолжат да ја доживуваат Европската Унија како извор на додадена вредност.
Говорејќи за мирот, Меркел рече дека стабилноста на Европа покажува дека мирот веќе не може да се зема здраво за готово. Таа посочи на војната во Украина како доказ дека старите верувања за безбедноста на континентот целосно се руинирани.
Меркел дополнително укажа дека новата меѓународна динамика и промените во безбедносната политика на САД јасно ја нагласуваат кревкоста на европскиот безбедносен систем.
Таа предупреди дека демократските системи се под притисок, особено поради платформите на социјалните медиуми, каде што брзо се шират дезинформации и ја деформираат јавната дебата.
Меркел додаде дека засиленото влијание на вештачката интелигенција дополнително ги продлабочува овие ризици, повикувајќи на континуирано регулирање на социјалните медиуми, како и на вештачката интелигенција, со цел да се заштитат демократските процеси и точноста и веродостојноста на информациите низ Европа.