Stipe Mayiç
10 мај 2016•Ажурирај: 11 мај 2016
ЗАГРЕБ (АА) - Албанскиот претседател Бујар Нишани денес на Пантовчака се состана со хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ. Претседателот и претседателката разговараа за соработката и јакнењето на односите помеѓу Хрватска и Албанија, за проширувањето на НАТО на Западниот Балкан, терористичките опасности, бегалската криза и економијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Колинда Грабар-Китаровиќ и Бујар Нишани разговараа за неколку теми. Eдна од поважните е регионалната соработка и ангажманот на двете земји за јакнење на мирот, стабилноста и одржливиот развој на Западниот Балкан и Југоисточна Европа.
Бујар Нишани во својата изјава по состанокот со хрватската претседателка ги истакна добрите политички односи меѓу двете земји, долгата заедничка историја и соработката во рамките на НАТО.
Колинда Грабар-Китаровиќ изјави дека односнот на Хрватска и Албанија може да послужи за пример на односите на југоистокот од Европа, но не и во Европа. Притоа го истакна бројното албанско национално малцинство во Хрватска како пример за добар соживот.
„Нашите две земји изразија јасна поддршка на политиката на НАТО за отворени врати и пристап кон сите земји од Западен Балкан во Сојузот," изјави Нишани.
Нишани изрази желба за јакнење на односите на двете земји низ изградба на односи на взаемно партнерство со цел јакнење на економската и трговска соработка. Истакна дека економската соработка не ги следи одличните политички односи на двете земји и дека постои голем потенцијал за развој на тој сегмент на соработка.
Нишани и се заблагодари на Хрватска за помошта и поддршката на Албанија во процесот на приближување на ЕУ па истакна дека хрватското искуство на пристап е корисно за Албанија.
Албанскиот претседател ја истакна важноста на процесот Брдо - Бриони кој кон крајот на месецот ќе се одржи во БиХ и изрази надеж дека лидерите на земјите членки на процесот, пријателски ќе разговараат за развојот и унапредувањето на овој регион.
Неизбежна тема на состанокот беше и бегалската криза која го погодува регионот и Европа, како и терористичките закани во регионот и ДАЕШ.
Бујар Нишани во Хрватска допатува во придружба на бизнисмени и претставници на Комората за трговија и индустрија од Тирана, коишто утре, заедно со двајцата претседатели и со претставниците на хрватската економија и бизнисмени, ќе го одржат Албанско-хрватскиот економски форум.
Нишани посебно нагласи дека хрватскиот успех во туризмот е добар пример за Албанија која во овој економски сектор има голем потенцијал, изјави, како за морскиот така и за планинискиот туризам.
Темата беше Јадранско јонски гасовод, изградба на ЛНГ терминалот на Крк кои енергетски би го поврзале југот и северот на Европа, а во Хрватска би ја намалиле цената на енергијата, изјави хрватската претседателка.
Албанскиот претседател престојува во тридневна официјална посета на Република Хрватска, на покана од хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ.